„Бомбите” ќе ги откријат убијците – Судење за масакрот кај Смилковци


Со слушање на аудио разговори, обезбедени како ПИ-мерки, во Кривичниот суд продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

Адвокатот на еден од обвинетите Насер Рауфи рече дека на предлог на одбраната овие разговори ќе бидат слушани заедно со разговорите кои претходно биле презентирани од Обвинителството.

-Ние како бранители ќе ги предложиме во овој стадиум, комбинирано да се презентираат и тие разговори како и старите, кои се слушнати од претходното Обвинителство, истакна Рауфи.

Адвокатот на обвинетите рече дека го следел интервјуто во медиумите на обвинителката Фатиме Фетаи во кое најавила дека наскоро ќе се откријат сторителите и дека се уште од СЈО нема предадени никакви нови докази. Тој смета дека доколку се работи за т.н. „бомби“ и поради нивната сензитибност, тие докази треба прво одбраната да ги добие пред да бидат изведени. Рауфи рече дека со тие докази ќе се дојде до извршителите на убиството.

Предметот „Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде СЈО.

За убиство на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1