Шеикот од Абу Даби Мохамед бих Зајед ал Нахјан и подарил на Србија три блиндирани џипа „мерцедес 500 GL“, вредни речиси три милиони евра. Причината за ваквиот потег е тоа што шеикот во посетата на Србија видел дека државните органи немаат којзнае каков возен ред.
Џиповите пред неколку дена беа доопремени од Соединетите Арапски Емирати, беа транспортиран со авион „херкулес“ и во моментов се наоѓаат во една од касарните на војската во Србија.
Џиповите многу брзо ќе можат да се користат за превоз на највисоките државни функционери и за дочек на странски делегации.
„Кога беше организиран дочек за шеикот, за негов превоз и превоз на неговата делегација, ги дадовме најдобрите автомобили со кои располага нашиот државен врв, меѓу нив и автомобилите кои ги користи и претседателот Томислав Николиќ и првиот потпретседател Александар Вучиќ.
Поради тоа што се работи за автомобили стари од 10 до 15 години, шеикот сваил каква е ситуацијата и штом се вратил во Абу Даби најавил дека три блиндирани мерцедеси со најдобра опрема ќе ги подари на Вучиќ“, пишува во соопштението на Министерството за одбрана.
Првиот потпретседател на Владата се заблагодарил, но побарал тоа да биде подарок за Србија, што шеикот и ја прифатил и ги испратил автомобилите со специјален лет.
Џиповите ги презело Министерството за одбрана и ќе бидат користени во прликите за дочек на странски делегации затоа што се репрезентативни и имаат највисок степен на заштита.
Џипот е тежок четири тони, мотор 6100 кубика, а максималната брзина е 300 километри на час.