Ѕвездата од сериите „Беверли Хилс 90210“ и „Волшебнички“, Шенон Доерти, на социјалните мрежи ја документираше својата борба со ракот на дојката, но и победата над ужасната болест.
Обожавателите кои ја видоа во најтешките моменти додека се борела со хемотерапијата, слаба и без коса, со воодушевување ги дочекаа фотографиите на кои актерката енергично танцува.
„Само што ми дијагностицираа рак на дојката, се надевам дека ќе бидам храбра како тебе“, ѝ напишала една обожавателка.
Пред една недела 45-годишната актерка завршила со хемотерапијата.
„Последниот ден од хемотерапија, исцрпена сум. Сега кога завршив со радијација и хемотерапија, почнуваме да чекаме“, напиша актерката пред една недела.
Ракот ѝ бил дијагностициран во февруари 2015 година, а за една година и` се проширил од дојката на лимфниот систем.
„Да, имам рак на дојката и сега одам на третмани. Здраво се исхранувам, вежбам и многу сум позитивна“, изјави тогаш Шенон.