Информацијата дека холивудската актерка Шерон Стоун е итно префрлена во болница, попладнево ги поплави светските медиуми и ја вознемири јавноста.
Според странските медиуми, актерката Шерон Стоун неочекувано легна на болничкиот кревет во Бразил.
За време на нејзиниот ангажман за Анти-Ејдс организацијата, таа била учесник во хуманитарен настан во Сао Паоло, каде одеднаш се почувствувала лошо.
Веднаш била префрлена на инфектологија во Сао Паоло, а точната причина за нејзината влошена здравствена состојба не е позната.
„Се радувам што ќе се вратам во Сао Паоло за да можам да помогнам во потенцирањето на важноста на ХИВ вирусот. Редно време е да најдеме лек за оваа болест“, напишала Стоун на Твитер на само една недела пред патувањето.