Шешељ: Горд сум на воените злосторства за кои ме осудија


Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ оцени дека пресудата која против него ја донесе Жалбениот совет во Хаг е противправна и најави дека ќе преземе мерки против пресудата. Според него, пресудата е противправна од формални причини бидејќи, според англосаксонското право не може да се смени ослободителна пресуда во осудувачка за време на жалбена постапка.

Шешељ истакна дека е очигледно дека Жалбениот совет сака да го припокрие времето што го минал во затвор.

-Тоа им беше единствената цел. Пресудата апсолутно ни на еден правен принцип не е основана. Таа е срамна, како што е срамен и Хашкиот суд во целина. Всушност, тие мене не можеа да ми изречат осудувачка пресуда, само можеа да ја укинат првостепената и да ја вратат на повторна постапка. Осудувачка пресуда можеа да намалат или да зголемат. Бидејќи беше ослободиделна, не можеа да ја сменат во осудувачка. Јас ќе се жалам на оваа пресуда и нема да се откажам од жалба, по ниедна цена, кажа Шешељ.

Шешељ изјави дека е „многу горд на сите воени злосторства и злосторствата против човештвото кои му се ставаат на товар, и дека е спремен во иднина сите повеќекратно да ги повтори“.

Лидерот на српските радикали според наследникот на Хашкиот трибунал, таканаречениот Механизам за меѓународни кривични судови е одговорен за прогонот и депортацијата на Хрватите од Војводина со одржување на хушкачки говор во Хртковци на 6 мај 1992. Судот го осуди на казна од 10 години затвор и му го призна времето поминато во хашкиот притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1