Со оваа закана, како што пишуваат српските медиуми, Шешељ додал дека нема да прифати ничија гаранција, ниту било какво условување. Единствено што го интересирало е Трибуналот да го ослободии да го пушти дома.
Владата на Србија повторно даде условна гаранција за неговото ослободување, па одговори на итното барање од Трибуналот.
„Владата е подготвена да даде секаква гаранција за неговото привремено пуштање на слобода под услов Шешељ да с еизјасни дека ќе ги почитува условите кои ќе му ги дадат од Хашкиот трибунал, како и да ја прифати гаранцијата на Владата на Србија, имајќи предвид дека досега тоа го одбиваше“, изјави потпретседателот на Владата, Расим Љајиќ.
Според зборовите на неговиот син Александар, неговиот татко се уште верува дека тоа е уште една игра на Трибуналот и дека во јавното соопштение не се наведени сите услови кои би требало да му се понудени и дека никогаш нема да прифати да биде во домашен притвор.