Шест обвинети во „Ќелија“ осудени од 5 и пол до 7 години затвор


Шест од 11 обвинети во случајот „Ќелија“ признаа пред судот дека учествувале на воените боишта во Сирија и добија помала казна. Од нив пет се осудени на затворска казана од пет и пол години, а највисока казна од седум години затвор му е изречена на првообвинетиот, оџата Р. М. од Чаир.zatvor kjelija

По спогодбата со Основното јавно обвинителство оџата е осуден за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во Сирија. Останатите пет лица биле дел од групата која учествувале во логистика и организирање на војниците за борба во Сирија.

Судот треба да продолжи да одлучува за уште пет обвинети кои не признаваат вина во случајот. За нив во одвоен процес ќе се расправа за обвинението и приговорите на адвокатите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1