Родителите можат да им помогнат на децата на неколку начини.
Ништо без основа!
Основа подразбира редовен и квалитетен сон и добар појадок. Новите истражувања покажуваат дека децата на кои им недостасува само 30 минути сон дневно покажуваат знаци на намалена концентрација. Исто така е докажано дека децата кои го прескокнуваат појадокот имаат понизок просек на оценките како и проблеми во интеракција со другите деца.
Читајте заедно!
Додека читате истовремено поставувајте прашања со цел да го поврзите детето со содржината која ја читате. Кој е главниот лик? Зошто мислиш така? Зошто тој го направил тоа? Што би можело сега да се случи? Размислувањето на глас го подобрува разбирањето, го учи детето како да се сконцентрира на вербалната и визуелната информација и го подобрува помнењето.
Играјте заедно!
Следете ги правилата и чекајте го својот ред исто како во друштвените игри, ова се правила за успех на училиште. И правилата и чекањето бараат концентрација и трпение. Друштвените игри, сложувалките, лего коцките и слично му помагаат на детето да ги вежба тие две способности на забавен начин.
Одмор!
И децата како и возрасните може да се изморат. Дајте им можност квалитетно да се одморат за да станат подготвени за прифаќање на нови информации и знаења.
Започнете ги и завршете ги проектите!
Забавните активности кои бараат различни вештни ќе го привлечат целото внимание на детето на одредено време, а вие покажете му дека упорноста се исплати. Водете сметка за интересите на своето дете кога ќе го започнете проектот. Ако ја сака градината може да започнете со саксија која на почетокот ќе ја наполните со земја. Потоа може да се консултирате околу изборот на семе како и неговото засадување, па фотографирање на различните етапи на растењето и развојот на растението и водење табела на растот…
Бидете трпеливи!
И вие исто така! Детето кое едвај може да седи мирно за време на вечерата одеднаш мора да ја насочи концентрацијата на едно нешто и тоа што е можно подолго. Поставете остварливи цели и не форсирајте го премногу. Започнете со активност која трае максимум десетина минути и разумно продолжувајте го траењето. Не внесувајте нервоза дури ни кога не се одвива се според вашите очекувања.
Дали моето дете има провлеми со вниманието?
Секое дете понекогаш има проблеми со мирното седење. На крајот од краиштата се работи за деца зарем не? Но, ако забележите дека детето покажува неколку од долу наведените знаци и дека тие значително влијаат врз неговиот секојдневен живот, можеби би требало да поразговарате со лекар.
– Нивото на деконцентрираност, импулсивност и хиперактивност не одговара на возраста на детето.
– Не може да се контролира во секојдневното опкружување вклучувајќи го домот, градинката, училиштето.
– Се чини како постојано да е во движење. Често се жали, постојано прави врева и не го чека својот ред во активностите или игрите со семејството и пријателит