Шестмина затруени во угостителски објект во Драчево


Шест лица со симптоми на труење од храна во викендот побарале помош на Клиниката за инфективни болести. Двајца од нив биле задржани на понатамошно лекување. Сите во петокот попладне јаделе специјалитет со пилешко и мајонез во ресторан во Драчево.

Од Инфективна ги информирале надлежните инспекциски служби за поврзаните случаи. Државниот санитарен и здравствен инспекторат со Агенцијата за храна биле на терен и во саботата извршиле вонреден надзор и го затвориле објектот во населбата, со цел, како што стои во нивното соопштение, да спречат појава на нови затруени. Земале брисеви од работни површини и од вработени како и примероци од храна кои треба да покажат која е причината за труењето. Инспекторите констатирале дека во ресторанот општата хигиена била задоволителна, но не смеат да работат се додека не биде направена целосна дезинфекција и темелно чистење на просторот и опремата.

Во информацијата на ДСЗИ е наведено дека е поставена лента -„Затворено од Државен санитарен и здравствен инспекторат“.

Кога побаравме дополнително објаснување од инспекторите, не известија дека објектот е затворен но вработените денеска го чистеле ресторанот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1