По серијата земјотреси се активира вулканот во Костел


Серијата земјотреси кои што со недели го тресат Охрид и околината, а епицентарот им е на неколку километри од единствениот жив вулкан на Балканот во Косел, отворија нови дувала.
Новите дувала се видливи веднаш што ќе се стигне на местото каде што со векови постои познатот дувало.
Појавени се шест нови. Четири до старото дувало и уште две на мало ритче. При денешната посета на Косел се чувствува засилен мирис на сулфур и чад од вулканот . На местото каде што се дувалата забележавме три мртви животни, јазовци кои што ги има на овој дел од Косел.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1