Фудбалерите на Тетекс го освоија Купот на Макеоднија. По регуларните 90 минути натпреварот заврши без победник, 1:1, а мрежите не беа повторно затресени ни по 120 минути игра. на пенали ја совладаа Шкендија со 6:5.
Резултатот беше отворен во 15-та минута, кога Ејупи ја донесе Шкендија во водство. Сепак, текот на мечот се смени само неколку минути подоцна, откако голманот на Шкендија заработи црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот.
Резултатот беше израмнет во 69-та минута, кога Дарко Мицевски постигна одличен погодок. До крајот на мечот немаше погодок. Во пенал рулетот, херој беше голманот на Тетекс, Манчевски, кој одбрани два пенали и беше најзаслужен за освојување на трофејот.
Со оваа победа Тетекс обезбеди пласман во квалификациите од Лигата на Европа. Иако тетовскиот клуб следната сезона ќе игра во втора лига, сепак голема утеха е настапот во второто по ранг европско натпреварување.
Курир/ Видео – GledyTV