Единствено во светот – училиште за стриптиз се отвори во Хрватска. Загрепчаните Антонио Барлек (42) и неговата сопруга Маријана (27) се сопствениците на првото училиште за играње на шипка.
Нема да има соблекување до крај само до гакички, ветуваат сопствениците и гарантираат дека нивните ученици за само неколку месеци ќе научат како да играат сензуално, да изразат сексипилност и да си го затегнат телото.
Курсот трае 6 месеци. заведување со танц можат да учат и мажи, а единствен услов да бидете ученик во ова училиште е да сте полнолетни.
,, Стриптизот не е порнографија, ниту простотуција туку уметност на заведуваење, сакаме луѓето на вистинскиот начин да го гледаат стриптизот, тоа е танц кои мене ми помогна во многу тешки денови. Ми ја врати самодовербата,, вели газдарицата Маријана.
Таа очекува многу ученици со оглед на фактот дека стриптиз танчерките се барани и работат низ цела поранешна Југославија, а и добро се платени.