Шкотите рекоа НЕ: Остануваат во Велика Британија


Шкотска нема да биде независна држава и ќе остане во состав на Велика Британија.

Поддршка за останување на Шкотска во Обединетото кралство, на вчерашниот референдум, дале вкупно 55,3 отсто од гласачите, додека 44,7 отсто биле за независност.

skotskaТоа се конечните резултати по пребројување на гласовите од сите 32 избирачки округа.

Излезноста била рекордна, 84,6 отсто.

Првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд, предводник на отцепувањето, призна пораз откако беа објавени резултатите од 31 регион.

– Важно е да се каже дека нашиот референдум беше договорен процес одржан со дозвола, а Шкотска со мнозинство гласови во оваа фаза одлучи да не стане независна држава – изјави Салмонд.

Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека е задоволен од резултатот на референдумот за независност во Шкотска.

– Задоволен сум од резултатот на референдумот со кој ова прашање е средена, најмалку за една генерација, но сега е шанса да ја промениме Британија на подобро – рече премиерот Камерон, во своето прво обраќање до британската јавност.

– Ја поздравувам изјавата на премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон дека Велика Британија ќе оди напред како обединета држава. Обединетото Кралство е еден од основачите на НАТО и јас сум убеден дека Британија ќе продолжи да игра водечка улога за да се задржи нашата Алијанса силна – изјави генералниот секретар на НАТО, Расмусен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1