Тодор лежел облеан во крв – сопругата мирно ја чекала полицијата


Облеан во крв и во бессознание лежел во сопствениот двор од семејната куќа шеесет и двегодишниот Тодор А. од село Спанчево, откако најверојатно завчеравечер со метална шипка го убила неговата сопруга при жестока кавга во нивниот дом. Жената не избегала по убиството и седела во куќата чекајќи секој момент да дојде полицијата.

Како што пишува Дневник, безживотното тело на убиениот Тодор го пронашол неговиот син и пријавил во полиција. Рекол дека неговиот татко лежел мртов во дворот во Спанчево, но не е познато дали тој вечерта бил во куќата или дошол подоцна.

soobrakajkaa1-500Уште истата вечер полициските екипи пристигнале во селото за да проверат дали станува збор за убиство или можеби за несреќен случај. Тие на телото на Тодор забележале траги на насилство, што укажувало дека најверојатно бил убиен. Прво разговарале со членовите на семејството, па со можните очевидци на настанот. Полицијата собрала доволно докази дека можен сторител на убиството е токму сопругата на Тодор. Таа била приведена во полициската станица во Kочани, но не се знае дали го признала убиството или негирала дека таа е сторителот.

– СВР Штип презел мерки и дејства за расчистување на случајот, по што, поради постоење основи на сомнение дека убиството го извршила неговата сопруга М.А. (60), таа била лишена од слобода и приведена во полициската станица во Kочани – велат во полицијата.

Сопругата најверојатно го удирала неколку пати Тодор со металната шипка.

Полицијата работи на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1