ЕУ го одмрзна имотот на семејството Милошевиќ


Европската унија ја укина одредбата со која на семејството Милошевиќ – Борислав, Слободан, Мирјана Марковиќ и нивните деца Марија и Марко, како и снаата Милица Гајиќ, замрзнатиот имот во земјите на Европската унија!

Покрај семејството Милошевиќ, на списокот се уште седум лица – Милан Милутиновиќ, некогашниот претседател на Србија, Драгоњуб Ојданиќ, генерал, некогашниот министер за одбрана, Никола Шаиновиќ, некогашниот заменик претседател на владата на  СР Југославија, Влајко Стоилковиќ, некогашниот министер на полицијата, Миле Мркшиќ, генерал, Мирослав Радиќ, офицер, и Веселин Шљиванчанин, офицер.
mira-slobo milosevic

Кетрин Ештон, високата представничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, во име на Евопската комисија, во понеделникот на 15 смептември, предложила да се укине Одредбата  2488/2000 на Советот на ЕУ, според која во ЕУ беше замрзнат имотот на некогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ и на лица од неговото блиско опкружување..

– Со оглед на тоа дека  Советот на ЕУ во меѓувреме утврди дека не постои повеќе причина за рестриктивни мерки против наведените лица бидејќи тие повеќе не претставуваат опасност за зацврстување на демократијата, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и цела Комисија на ЕУ предлага да се укине горенаведената одредба. Штом Советот на ЕУ го прифати овој предлог, и се објави во Службената листа на ЕУ, ќе биде одмрзнат имотот на преостанатите лица, кои до денеска се на листите на оние на кои имотот им е замрзнат.milosevic-arkan

Црна листа од деведесетите

Во изјава за срски курир Мирјана Марковиќ тврди дека нејзината фамилија и таа немаат ништо од имотот во земјите на ЕУ.

-Ни јас, ни мојот маж, ни нашите деца Марија и Марко, немаме никаков имот во земјите на ЕУ, никогаш ниту имавме – порача таа, не сакајќи да коментира како се чуствува после оваа одлука на ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1