Шлепер влета во куќа откако возачот почина зад воланот (Фото)


Возачот на камион чиј идентитет се уште не е познат, настрада во несреќа која се случи денеска кај Жабљанскиот мост. Како што јавуваат српските медиуми, човекот починал зад воланот на шлеперот што го возел при што излетал од патот и се забил во куќа.sleper-kuka

Несекојдневната несреќа се случи во попладневните часови, а наводно во несреќата е повредена една жена која е пренесена во болница. Шлеперот со регистарски таблички од Кикинда превезувал пченка која откако возилото се забило во куќата се растурила по патот.

Полицијата се уште официјално не се огласила за несреќата, а пожарникарите на местото на несреќата со помош на тешки машини го извлекуваа шлеперот и се обидуваа да допрат до несреќниот возач.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1