Трагичната смрт на младиот актер: „Не се чувствувам добро, ладно ми е“!


По седум дена потрага, пронајдено е телото на Аиден Веб кој исчезна додека се качувал на планината Фаниспан во Виетнам, највисока во таа земја.aiden_webb

Веб, млад актер од Норвич, последен пат е виден во саботата кога започнал да се качува на 3 километри високата планина.

Херкулес, како што го викале, билискусен планинар, одлична кондиција, но нешто не било во ред: 22-годишното момче претходно се повредило во текот на експедицијата на севорозападнито дел на Виетнам, но не сакал помош додека не се искачи на Фаниспан.

Актерот редовно и се јавувал на својата девојка преку Фејсбук, но кога сфатила дека мобилниот телефон не ги прима пораките, се загрижила, пишува „Index“. Набрзо потоа тој и пратил порака дека не знае на која локација се наоѓа и дека не се чувствува добро и дека му е ладно, и побарал помош.

Спасувачите го пронашле после седум дена, во длабок теснец, многу блиску до локацијата од која и пишал на девојката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1