Шок: Девојчињата во Србија имаат секс на 11 години


Иако мислат дека 18 години е идеално време за стапување во сексуални односи, анкетирани ученици тоа го прават од само 11 години. Дури една четвртина испитани ученички користат „апчиња за денот потоа“ како контрацепција.

when-boy-meets-girlИспитаните ученици од 10 основни и средни училишта во Нови Сад, Сомбор, Сириг и Бачка Јарка, тоа го прават веќе од 11 години.

Според истражувањата спроведени на 610 ученици, на возраст од 13 до 18 години, првите сексуални искуства машките ги имале на 11, 12 и 13 години, а најголем процент на девојчињата е од 16 години.

– Она што е алармантно е што дури 63 отсто млади сметаат дека првите информации за репродуктивното здравје треба да ги добиете од родителите, а ги добиваат само 30 отсто – објаснува за Новости координаторот на програмата Тања Илијазовиќ. – Тоа зборува за тоа дека тие очекуваат и имаат потреба да разговараат со родителите за стапување во сексуални односи, но малку кој од родителите ги исполнува тие нивни очекувања.

Речиси сите испитани ученици знаат што е полово пренослива болест, а пет отсто познаваат лице на свои години кое има некоја полово пренослива болест. Алармантно е и тоа што само седум отсто сексуално активни користат контрацепција, а дури 22 отсто испитани ученички користеле „апче за денот потоа“ како контрацепција.

– Дури 25 отсто ученици познаваат врсничка која имала абортус, што е исто така незанемарлив податок – вели соговорничката. – Иако добиените податоци се далеку од реалното, со оглед на тоа дека многу ученици давале социјално посакувани одговори, наместо искрени, реалната состојба е многу полоша.

Здружението Фокус од Нови Сад по вторпат ја спроведе програмата Ти бираш, која подразбира превентивна и врсничка едукација во основните и средните училишта. Програмата Ти бираш се однесува на репродуктивното здравје на младите, ризик од рано стапување во сексуални односи, превенција на абортус и полово преносливи болести. Покрај информативното запознавање со овие теми, програмата вклучува интерактивни работилници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1