Шок и тага во семејството – братот го идентификувал загинатиот скопјанец, дечињата и жената


Шок и тага во семејната куќа на семејството Лузевски во селото Скопско Поле поради трагичната смрт на четиричленото семејство кое загина завчера во страотна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Kуманово-Kрива Паланка, пишува Дневник.

Со неверување роднините и пријателите ја примиле трагичната вест, надевајќи се дека сепак не е вистина.

zaginati6licaТаткото на загинатиот 39-годишен Љупчо Лузевски за Дневник вели дека семејството патувало за Пробиштип, но незнае зошто решиле да одат преку Крива Паланка.

– Попладнето заминаа за Пробиштип. Не знам зошто, но решија да одат преку Kрива Паланка. Потоа чувме дека се случила тешка сообраќајка во кој учествувал и автомобил „БМВ“. Не сакав да поверувам дека тоа се моите најмили. Другиот син веднаш замина на местото и остана во шок. Го идентификувал телото на својот брат. Телата на Елена и на внучињата биле јагленосани -низ солзи за Дневник раскажал таткото на Љупчо.

Семејството Лузевски, според полициските информации веднаш починало, а двајцата кумановци успеале да излезат од запалениот автомобил, но за кратко и тие починале поради тешките повреди и изгоренции на телото.

Сообраќајната несреќа се случи во саботата во 16.45 часот кај месноста Смилчиници на магистралниот пат Kуманово-Kрива Паланка. Во автомобилот „БМВ“ што го управувал Љупчо, биле и сопругата Елена (33) и нивните две деца Петар (6) и Јована (4).

Несреќата се случи при директен судир на „БМВ-то“ со автомобил „Пасат“, управуван од полицаецот Ласте Ј.(50) од Kуманово во кој бл и сопатникот Владимир Б. (58) од Куманово.

Несреќата се случила во тешки услови за возење, при силен дожд и лизгав коловоз.

Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1