ШОК: Татко се обидел да си ја продаде ќерката заради коцкарски долгови


Израелец е уапсен поради обидот да ја продаде својата тримесечна ќерка за 18.000 фунти, за да ги исплати коцкарските долгови, пренесува британскиот весник „Индепендент“. Мажот, кој имал околу 30-тина години, а чиј идентитет не е објавен, на сослушувањето во полицијата изјавил дека никогаш немал намера да го продаде бебето, туку понудата била само мамка за да ги подигне парите.tatko-kerka

Неговата 27-годишна сопруга, чиј идентитет исто така не е откриен, се наоѓа во домашен притвор и сè уште не јасно каква е нејзината улога во овој случај.

Полициските службеници од Ерусалим го уапсиле осомничениот откако полициски агент во цивилна облека се претставил како потенцијален купец на детето и неколку пати се состанал со несовесниот татко.

Човекот е уапсен откако го предал девојчето во рацете на преправениот полициски агент, кој подоцна потврдил дека несовесниот татко го охрабрувал да го купи детето наведувајќи дека има уште едно семејство заинтересирано за тримесечното бебе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1