Шок во истрагата: Кој ја убил малата Хелена, братот не го повлекол чкрапалото!


Четири годишниот брат на Хелена Крсмановиќ која беше застрелана со ловечка пушка во семејната куќа во Ресник, не го повлекол чкрапалото.

Во основниот суд во Белград е посочено дека на рацете на 4-годишното момче не се пронајдени траги од барут. Резултатите од парафинските ракавици недвосмислено покажуваат дека такви траги нема ни кај останатите членови на семејството, пренесува Вечерни новости.

dragan-krsmanovic

-Издадена е наредба за ДНК анализа на сите расположливи траги пронајдени на лице место, соопштиле од судот.

Првичните сомневања беа дека малиот Филип Крсмановиќ случајно го повлекол чкрапалото од ловечката пушка и со еден куршум ја усмртил својата сестра 8- годишната Хелена, но по новите докази во истрагата, случајот повторно ќе се разгледува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1