Новогодишни подароци за хороскопскиот знак: Некој сака книга, некој масажа


Овен

Овните сакаат да бидат забележани и да се разликуваат од толпата. Секое нешто што ќе ги натера да се истакнат е добредојдено. Освен тоа подарокот за овие претставници на хороскопот треба да покажува дека навистина ги почитувате и не сте одбрале само нешто на брзина.

Poklon

Соодветни подароци за жената овен – скап парфем, секакви шик додатоци (обетки, белегзии, ланчиња), квалитетна козметика, луксузна долна облека. Ако изберете некоја облека имајте во предвид дека омилените бои им се црна и црвена.

Соодветни подароци за мажот овен – секакви технолошки гаџети, билет за спортски настан, сложувалка (ако буџетот ви е понизок), ремен од природна кожа.

Бик

Биковите се луди по естетика, па знаат како да ги ценат најсуптилните и префинети нешта. Секој подарок кој ќе ги натера да се чувствуваат во свет на луксуз и префинетост ќе ги израдува вистински.

Соодветни подароци за жената бик – диск со соодветна селекција на музика, софистициран ѓердан, предмети за декорација на домот, свеќи, бонбони. Биковите ја сакаат зелената боја.

Соодветни подароци за мажот бик – плетен шал, шише софистицирано вино.

Близнаци

Близнаците се истражувачите на зодијакот. Тие сакаат да патуваат и да учат нови и нови работи секој ден. Во исто време се практични луѓе, сакаат подароци кои можат да ги користат во секојдневниот живот. Освен тоа се интелигентни, начитани и многу комуникативни. Соодветни бои за нив се жолта, портокаловата и виолетовата.

Соодветни подароци за жената близнаци – книга, смартфон логичка игра, додатоци за патување (на пример убав куфер).

Соодветни подароци за мажот близнаци – лаптоп, смартфон, веб камера, куфер.

Рак

Раковите се многу приврзани кон семејството и домот. Самиот факт дека му подарувате нешто на претставник на овој знак, ќе ве направи вистински среќни. Добра идеја е да купите нешто што ракот спомнал дека сака да го поседува. Ова ќе му покаже дека го слушате секој негов збор. Бојата на рак е сината.

Соодветни подароци за жената рак – рачно изработени предмети, свеж парфем, скапоцен камен или диск со музика за медитација.

Соодветни подароци за мажот рак – шише добар алкохол, слика, икона.

Лав

Лавовите ја имаат самодовербата на кралеви и кралици на своите џунгли. Создаваат добри и долготрајни пријателства. Исклучително многу сакаат подароци и изненадувања. Можете да им купите нешто со што ќе се се гордеат вистински. Омилена боја – портокалова и црвена.

Соодветни подароци за жената лав – домашно милениче, билети за концерт, интересен сувенир, свеќници, рачно изработен накит, ваучер за масажа или козметичка процедура.

Соодветни подароци за мажот лав – CD на омилената група, мобилен телефон, забавна маица, нешто изработено од вас.

Девица

Девиците се најпрактичните претставници на зодијакот. Би се радувале на сè што ќе им помогне во секојдневниот живот – за организирање, за готвење, за чистење. Имајте на ум дека за подарокот кој го избирате тие судат каков е вашиот карактер. Соодветни бои – црвена и виолетова.

Соодветни подароци за жената девица – книга, убава козметика, предмети од домаќинството, долна облека.

Соодветни подароци за мажот девица – куфер (за бизнисмените), долна облека, пижами, вратоврска.

Вага

Предводени од Венера, планетата на љубовта и убавината, тие се исто така естетика. Но, бидете внимателни при изборот на подарок, бидејќи вагата не може да ги прикрива вистинските чувства и емоции, па ќе ви каже директно дека вратоврската која сте им ја купиле е старомодна. Нешто скапо и елегантно ќе ги натера да го ценат гестот. Нивните бои се сина и сребрена боја.

Соодветни подароци за жената вага – одбрани слатки и бонбони, егзотична храна, егзотична масажа, стилска долна облека, блуза, комплет накит, масло за масажа.

Соодветни подароци за мажот вага – шише квалитетен алкохол, скап парфем, часовник, држач за вино.

Скорпија

Тие се најмрачниот и мистериозен знак од сите 12. Добри и лојални пријатели, но никогаш не забораваат за луѓето кои им направиле зло. Кон своите партнери се однесуваат многу сензуално и страсно. За подароците се исклучително претенциозни. Ако сакате да не бидете критикувани, тогаш изберете нешто луксузно или нешто што ќе го стимулира нивниот интелект. Боите на кои можете да се одлучите се темно црвена и виолетова.

Соодветни подароци за жената скорпија – скап парфем или часовник, книга која тешко се наоѓа, комплет за ароматерапија, секси долна облека.

Соодветни подароци за мажот скорпија – скап телефон, долна облека, книга.

Стрелец

Стрелците се најактивен знак. Тие сакаат да патуваат и мразат да бидат врзани на едно место. Ова ја укажува и нивната силно изразена спортска натура – ги сакаат активностите и комуникацијата. Најважно за стрелците е дека вие сте се потрудиле да им купите нешто. Нивната боја е кафена.

Соодветни подароци за жената Стрелец – билети за патување во странство, книги за патување, слатка маица со забавен натпис, ваучер за фитнес.

Соодветни подароци за мажот Стрелец – опрема за планинарење, ваучери за различни спортови (вклучувајќи и екстремни).

Јарец

Јарците имаат афинитет кон историјата и ги сакаат традициите. Се стремат  работите да бидат направени на вистинскиот и традиционален начин. Исклучително последователни се како во својата работа, така и во приватниот живот. Нивните бои се сива, црна и сребрена боја.

Соодветни подароци за жената јарец – златен часовник, дизајнирана облека или чевли.

Соодветните подароци за мажот Јарец – антиквитети со висока вредност, секаква скапа електроника, кожена машка чанта, кожен ремен

Водолија

Водолиите се нестандардни и индивидуалистички суштества, кои секогаш се опколени од пријатели. Општо земено воопшто не се пребирливи и повнимателни кон подароците кои ќе им  ги подарите, под услов да се од срце. Нивните бои се светло сина и портокалова.

Соодветни подароци за жената Водолија – масажа, нешто забавно ексцентрично или иновативно ќе им се допадне, миленичиња, оригинална облека или сувенири.

Соодветни подароци за мажот Водолија – патување, стратешка игра, билети за концерт.

Риби

Рибите се сонувачи и романтичари на зодијакот. Тие се заинтересирани за историја, психологија и уметност. Тие сакаат егзотични подароци и предмети кои ќе ги натераат да сонуваат за уште повеќе егзотични места и дестинации. Нивните бои се розова, бебешка сина, зелена.

Соодветни подароци за жената риби – парфем, кадифена играчка, свеќи,  масажа, накит.

Соодветни подароци за мажот риби – диск на омилен изведувач или група, книга за психологија, предмети за украсување на домот.

365.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1