Шок во семејството Видовиќ – дете изело јајце и починало


Хрватското гратче Брегана го погоди семејна трагедија, кога петогодишно дете почина од труење со салмонела, додека неговите две сестри се во критична состојба.

Брзата помош која пристигнала во домот на сиромашното семејство Видовиќ, можело само да ја констатира смртта на малиот Мирко. Соседите велат дека изутрината го нашле мртвото момче во кревет.dete-4

Предраг и Босилка, татко и мајка на починатото момче, се уште се наоѓаат во болница поради тешка зараза. Надлежните органи земале мостри за испитување од куќата на семејството, при што резултатите покажале дека во јајцата кои ги нашле во нивниот дом е изолирана салмонела.

Според неофицијалните податоци, несреќното семејство јајцата ги купило од голем трговски синџир, а наводно се увезени од Полска. Јајцата се повлечени од продажба, но не се знае колку семејства досега ги имаат купено и консумирано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1