Шокантна исповед: „Јас сум дете на инцест, но тоа не е најлошото“


Рексан Џонс за своите 23 години ги преживеала најморничавите работи. Сепак, оваа храбра девојка продолжува понатаму. Детството од пеколот го оставила зад себе, сега живее обичен живот и е подготвена да им помогне на другите. Сајтот Marieclaire.com ја пренесува нејзината приказна.

Постојат многу малку луѓе која ја знаат целата приказна за моето детство. Пријателите знаат делови – дека сум посвоена, дека моите родители се починати, но деталите не ги знаат.reksan

Јас сум производ на инцест. Мојот дедо сексуално ја злоставувал мојата мајка, својата ќерка, со години, а после тоа таа останала бремена. Јас сум резултат на таа бременост. Тој е мој дедо и мој татко, а неговите седум деца се мои тетки и вујковци и воедно мои браќа и сестри.

Со години мојата мајка трпела злоупотребување и молчела за тоа поради лудиот договор со нејзиниот татко: таа ќе молчи, а тој нема да ги допира другите ќерки.

Си заминала од дома кога имала 18 години. Тогаш сфатила дека тој никогаш нема да го одржи своето ветување. Јас тогаш веќе сум била родена.

Мајка ми одлучила да го пријави. За да избегнат љубопитни прашања, моето семејство се изолирало од сите. Поради чудна случајност, мојата мајка отишла да го пријави дедо ми во исто време кога полицијата ги пронашла двајцата нејзини браќа кои побегнале од дома.

Набрзо ги поврзале точките и сфатиле за што се работи.

Поминале уште шест месеци пред да почнат да ја испитуваат мајка ми за моето потекло. Целото семејство тврдело дека забременила со некој работник на одржување на некој хотел, но социјалниот работник не се откажувал.

На крајот, таа признала дека јас сум дете на мојот дедо. Тест на крвта ја запечатил судбината на мојот дедо, а тој е осуден на 20 години затвор поради сексуално злоупотребување и инцест.

За жал, тоа што мојот татко е зад решетки не значеше дека јас сум безбедна.

Тогаш мајка ми ја стигнаа сите ужасии кои и` се случија, не можеше да издржи и почна да се дрогира и да го продолжи циклусот на злоупотребување. Во тоа време имаше момче, а јас бев дел од нивните сексуални игри. Ме фотографираа и снимаа и ме продаваа како детска порнографија. Мојата мајка се обеси на 7 август 1996 година, кога јас имав пет години.

Ме испратија да живеам со баба ми, која беше нем сведок на ужасите кои нејзиниот сопруг, мојот дедо, ги правел над мојата мајка. Таа не беше психички стабилна, затоа што мојата мајка ја доживуваше како „другата жена“. И поради тоа редовно ме тепаше и психички ме злоставуваше. Кога ќе направев нешто што ќе ја навредеше, таа ми велеше дека јас сум „дете на Сатаната“.

Мојот бес беше огромен и засолниште побарав во дрогата и лековите за смирување. Останав бремена со момче од средно училиште, кога имав 16 години.

Моето дете конечно го промени мојот живот на подобро. Престанав да пијам и да пушам истиот момент кога дознав дека сум бремена и се фокусирав на тоа моето дете да има подобар живот од оној кој го имав јас.

Кога се породив, мојот син и јас им бевме предадени на социјалната служба. Нè испратија во згрижувачко семејство, а социјалниот работник кој ни беше доделен беше истата жена која им помогна на мојата мајка и нејзините браќа пред толку години. Таа одлучи да ме посвои кога имав 17 години.

После тоа, имав некој привид на нормален живот. Дипломирав, се омажив за својата средношколска љубов, таткото на моето дете. Добивме уште еден син, а мојот сопруг им се приклучи на маринците.

Во текот на сите тие години се борев со анксиозност и депресија. Дури бев хоспитализирана некое време после обид за самоубиство.

Во менталната болница почнав отворено да зборувам за своите проблеми и да пишувам дневник. Пишував цело време, во мојата соба, во кафетеријата за време на оброците… Сè уште ги читам тие записи кога имам тежок ден, да се потсетам колку лоши работи имам преминато во животот.

Денес сум разведена. Имам поддршка од неколку навистина блиски пријатели. Можеби се прашувате какво е моето здравје, со оглед на тоа што дедо ми ми е татко.

Имам голем ризик за сите болести кои постојат во семејството на мојот татко, затоа што имам премногу од неговата ДНК. Се борев против рак на грлото од матката два пати и затоа што моите зглобови не се развиле исправно, веќе имам артритис. Еден лекар ми рече: „Ти си 23-годишна девојка во тело на 53-годишна жена“.

Моите синови се мојата мотивација за да продолжам понатаму. Тие ме научија како да се радувам. Сега, тие имаат шест и четири години. Тие ме мотивираат да излезам од кревет, да одам на работа, да продолжам, да се насмевнам. Циклусот на злоставување престана со мене. Тие се мојот поттик.

Поминав доста време од животот лута, бесна и огорчена. Но, сега тоа е зад мене. Основав група на поддршка за луѓето како мене. Минатото е минато. Пред мене се сегашноста и иднината – мојата кариера, мојата надеж за љубов, моите прекрасни синови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1