На натпреварот помеѓу Сласк и Заглебје, еден од гостинските навивачи се качил на оградата и запалил бакља. Веднаш пристигнал полицаец кој што го испрскал со некаков спреј, па во истиот момент настанала хемиска реакција и навивачот вивнал во пламен.
Навивачите кои биле во околината на трибината помогнале да се угасне пламенот и да го спасат момчето од посериозни повреди.
Полицијата во Полска често е сурова кон навивачите, иако проблемот со хулиганизмот е огромен.