Почина девојката застрелана во Тетово


Дваесетгодишната Р.Д. од тетовско Јажинце која се здоби со две влезни рани во пределот на плешката откако врз неа со огнено оружје, најверојатно пиштол, пукал нејзиниот љубовник С.Х. (26) од Џепчиште, им подлегна на повредите.

mvr-policijaКако што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, инцидентот се случил нешто пред 16 часот на паркигнот пред маркетот Веро во Тетово, а С.Х. бил фатен во Скопје каде што се обидел да изврши самоубиство. Неофицијално кај него нашле проштално писмо.

Повредената девојка била префрлена во Клинчката болница во Тетово од каде веднаш била препратена на скопските клиники, каде по неколку часа им подлегна на повредите.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1