Признавам – Ги мачев и ги закопував живи!


Побегнатиот српски осуденик Драган Бајиќ (40) го признал убиството на пет лица, кои заедно со својата банда ги ограбил, ги мачел, а некои од нив ги закопал живи во шумата во близина на Будимпешта.

ubistvo madjarskaБандата на Бајиќ е осомничена за монструозните убиства  – своите жртви ги претепувале до смрт или ги обесувале, а некои од нив живи ги закопувале. Бајиќ, кој цело време ги негирал ваквите обвинувања, неодамна целосно го промени својот исказ и ги раскажал во детали злочините кои ги направил заедно со својата банда.

“Се случи ужасна работа, убиени се пет лица. Во тоа време бегав од затворот во Србија. Сакав да заминам во Америка но некако завршив во Будимпешта. Тогаш го запознав Иштван Кристијан, Јанош и Золт”, изјавил Бајиќ а потоа го признал убиството на Имрет С. (48), неговата жена Магдолина (53), синот Шабат (30), ќерката Кристина (40) и нејзиното момче Виктор Х. Како што изјавил пред судот, тие морале да умрат бидејќи се занимавале со собирање на старо железо – бизнис со кој се занимаваат сите негативци.

“Мојот договор со Золт беше јас и тој да убиеме по двајца. Многу луѓе убив за време на војната па тој можеше да научи нешто од мене” – констатирал Бајиќ кој своите две жртви Имра и Кристина ги задавил. Магдолна, која ја претепале до смрт, пред да почине од повредите, успеала а блискиот ѕид да го напише името Золт, кој најверојатно и и’ пресудил.

ubiec madjarska srbin“Виктор исто така ми беше пријател. Сите не измами кога ја зема нашата дрога, па се согласивме дека треба да му одржиме лекција”, изјавил Балиќ, додавајќи дека му е жал за Виктор.

Првенствено договорот беше само да го претепаме Виктор, но потоа сепак му изрекле смртна казна, бидејќи “мртвата уста не збори” – објансил во судницата Бајиќ. Присеќавајќи се како го убиле Виктор, објаснил дека го одвеле во шумата, му врзале јаже околу вратот, а потоа го врзале за дрво и на крај ја тргнале столицата на која стоел.

“Бидејќи Виктор со врвовите на прстите се уште можел да ја допре земјата, Јанош го “докрајчи” задавувајќи го”, прецизирал Бајиќ.

Посмртните останки ан Виктор се уште не се пронајдени, а според изјавите ан сведоците, убен е на тој начин што Бајиќ го претепал со железни цевки, па го обесил на дрво и го полил со бензин, а потоа неговите коски ги фрлил во Дунав.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1