Бијонсе има четиригодишен брат кој е бездомник. Таткото на пејачката, Метју Ноулс имал афера со Александра Рајт, а плодот на нивната љубов е синот Никсон, откако банкротирала, Александра и Никсон завршиле на улица.
Метју алиментацијата која на почетокот била 12.000 долари ја намалил на 2.400 долари, а тоа никако не е доволно за живот и кирија.
Александра, била принудена да ја заложи својата куќа во Лос Анџелес, па со синот завршила на улица.
Никој не ѝ понудил помош, а ладнокрвноста на Бијонсе медиумите ја препишуваат на тоа што Александра била љубовница на нејзиниот татко со која ја изневерувал мајката на пејачката. А нејзини блиски изјавуваат дека љубовницата само сака да програби дел од парите на Бјонсе.
Александра Рајт, и покрај сè, е оптимист и се надева дека нејзиниот син ќе ја запознае славната ѕвезда.
– Никсон заслужува да го запознае своето семејство и се надевам дека еден ден ќе ја запознае својата сестра Бијонсе. Не можам да замислам како таа се чувствува поради сознанието дека има брат бездомник. Јас знам дека би се чувствувала очајно и дека би помогнала. Можеби е зафатена – рекла Александра.