Тригодишно девојче во американската држава Охајо се наоѓа во критична состојба, откако нејзиниот четиригодишен брат ја погодил со огнено оружје во главата, јавуваат американските медиуми.
Децата сами си играле во собата, кога момчето во фиоката нашло наполнет пиштол. Во полицискиот извештај се наведува дека полицијата на местото го затекла таткото како го држи повреденото девојче во прегратка, додека момчето плачело и цело време зборувало дека му е жал.
Инцидентот се случил во градот Лорејн, на 50-тина киломтри од Кливленд. По истрагата обвинителството ќе одлучи дали да покрене обвинение.