Пред три дена во Србија се случила железничка несреќа во која учествувал патнички воз кој сообраќа на релацијата Сараево-Зеница, кој удрил во 46-годишен пешак кој починал на местото на настанот.
На местото на страшната несреќа очевидците место да му помогнат на мажот кој умирал, тие го сликале со своите мобилни телефони, што дефинитивно е најшокантниот дел од приказната.
Имено, додека несреќниот самоубиец издишувал во ужасни маки, никој од собраните не истрчал да му помогне, а некои “собрале храброст” само за да ги извадат мобилните и да го снимаат.
Страшната трагедија се случила во недела вечер во Тиќиќи близу до Какањ.