Полјакот Мариуш Тринкиевич, кој во 1989 беше осуден за силување и убиство на четири малолетни момчиња за што доби четири смртни казни, кои по промената на законите му беа заменети со 25-годишна затворска казна, синоќа излегол од затвор, јавија чешките медиуми.
Како што пренесува МИА, јавноста веќе неколку недели стравува поради ослободувањето на 51-годишниот педофил, нарекуван “Сатаната од Пјотрков”.
Полска не успеа ниту со неодамна донесениот Закон за постапување со лица со психички нарушувања кои претставуваат опасност за животот, здравјето или сексуалната слобода на други луѓе да го спречи ослободувањето на педофилот, поради периодот за правосилност на одлуката.
Полската Влада каде во сила е закон со кој се предвидува можност за хемиска кастрација на педофили откако ќе ја одлежат затворската казна. се соочува со критики поради задоцнетите измени.
Тринкиевич уште на почетокот на 80-те години на минатиот век додека бил војник бил осуден на една година затвор за сексуална злоупотреба на малолетници. Казната му била прекината заради потреба од негување на неговата мајка и во тој период како што подоцна изјавил во знак на одмазда за казната киднапирал, сексуално злоупотребил и убил четири момчиња.
Полицијата крие каде ќе живее Тринкиевич заради опасност од јавен линч.
Жителите на Руда Шљонска, каде што живеел сатанатаа, се побунија против неговото враќање.
Полицијата соопшти дека има подготвено оперативен план за деноноќно следење, но тоа не ги намали тензиите.