Вилијам Кенвел кој пиел по 8 литри кока кола дневно ги изгубил сите заби и сега мора да носи протеза – има само 25 години.Младиот австралијанец дневно пиел од 6 до 8 литри кока кола а неговата зависност го довела и до труење на крвта. Според лекарите и турењето и губењето на забите биле дирекна последица на конзумирањето на газираниот пијалок.
Тие го предупредиле Вилијам уште пред неколку години кога почнал да ги губи првите заби да престане веднаш – но тој не сакал да поверува дека тоа е од кока колата, мислел дека е нешто друго кое докторите не можат да го пронајдат и продолжил да си пие иста количина дневно.
Вилијам работи во хотел а денес има уништен корен на забите, ги изгубил сите заби и со 25 години носи комплетна горна и долна ,,вилица,,
“Моите заби многу брзо се распаѓаа и тоа предизвика труење на крвта – па лекарите мораа итно да ги извадат и 13 заба кои ми беа останати а кој беа во очајна состојба,, рекол Вилијам.
Неговиот случај го искористиле лекарите за да објават комплетна научна студија како предупредување до сите млади за ризиците од конзумирање на газирани пијалоци.
Доктор Џејсон Армфилд врз база на случајот на Вилијам спровел и истражување на 16.800 деца во Австралија и открил дека 56 насто деца на возраст од 5 до 16 години конзумирало барем еден газиран и засладен пијалок дневно и тоа секој ден.