Директорот на ЦИА Џон Бренан кажува дека се обиделе да го спречат терористичкиот напад со “софистицирана“ употреба на кодирана комуникација преку интернет.
“Знаевме дека системот свети црвено. Знаевме дека ИСИЛ се обидува да изведе нешто.Но, личностите кои биле вмешани ги искористиле најновите начини за комуникација која е скриена од нас“, изјавил Бренан.
“Мораме да работиме подобро. Мораме да имаме можности, технички способности, човечки извори. Верувајте ми, разузнавачките агенции запреле многу небројни напади и терористи кои се префрлени од Ирак во Сирија па во Европа. Ги спречивме и ги блокиравме, па ги притворивме и ги испрашувавме благодарение на многу добрата разузнавачка работа“, изјави тој и додаде дека верува дека ИД се обидува да организира напад и да пронајде мета во САД.
“Очекувам дека ќе постават луѓе, средства или било што да им е потребни за да изведат напад. Затоа верувам дека нивните обиди сенеизбежни. Не мислам дека и нивниот успех е нужен и неизбежен“, кажува шефот на ЦИА.
Тој исто така откри дека редовно се слуша со директорот на руската Сојузна сигурносна служба (ФСБ) Александар Бортников и дека ЦИА директно контактира со ФСБ.