Шокантно сведоштво: Бевме принудени меѓусебно да се силуваме…/+18


Заштитениот сведок на обвинителството, КВ-11, пред босанскиот државен суд во понеделникот изјави дека во полициската станица во Котор Варош, го довеле во јуни 1992 година, по нападите врз неговото село, лоцирано во близина на овој северозападен босански град. „Наскоро почна гранатирањето на градот. Пукање, кошмар … Во престрелките бев ранет“, рече сведокот.Stazijev zatvor 4 Додаде дека иако бил повреден, тој заминал во шумата, каде што го заробиле српските војници, кои го претепале и го однеле во полиција. Го ставиле во една соба со други машки затвореници, во која имало и војници со црвени капи, кои им наредиле сексуално да се злоупотребуваат меѓусебе. „Ни рекоа да ги соблечеме панталоните и орално да се задоволуваме меѓусебно“, рече тој, додавајќи дека злоупотребата траела неколку часа. После тоа, рече сведокот, еден од војниците го однел надвор, го врзал и го натерал да пасе трева. „Стоеше таму и ме удираше ако не ја голтнев тревата“, додаде тој. Сведокот нагласи оти подоцна го префрлиле во зградата на поштата во Котор-Варош. „Внатре имаше една соба полна со луѓе, тепани и крвави“, рече тој. Откако 15 дена лежел во аголот од собата, без медицинска помош, еден од стражарите, чие име било Душко Тесиќ, го однел во локалниот здравствен центар.97856-zatvor-ap Но, таму бил претепан, а лекарите одбиле да му пружат медицинска помош, рече сведокот. Истакна дека Тесиќ не можел повеќе да му помогне и дека бил вратен во притвор. Душко Вујичиќ, Душко Максимовиќ, Радојко Кеверовиќ, Саво Тепиќ, Драгослав Бојиќ, Радо Шкориќ и Илија Курушиќ, се обвинети за прогон на Бошњаците и Хрватите, како и за апсења, тортура и други нехумани дела во Котор Варош во 1992 година. Тепиќ, како што се наведува во обвинението, бил началник на станицата за јавна безбедност и член на кризниот штаб на општина Котор Варош, Бојиќ бил командир на станицата на полицијата, Вујичиќ активен полицаец, Максимовиќ, Шкориќ и Кеверовиќ резервни полицајци, додека Курушиќ бил припадник на војската на Република Српска. Тие претходно се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата. Судењето продолжува на 17 ноември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1