Ова е центарот на Масоните: Астана градот изграден врз темелите на масонската геометрија


Ако мислевте дека масоните, илуминатите и останатите тајни друштва немаат свое место за собирање и договарање, се излажавте. Ви го претставуваме единствениот вистински масонски град во светот, Астана , кој е изграден врз темелите на масонската ‘света геометрија’.

Градот Астана се наоѓа во Казахстан и на казахстански јазик буквално значи: „Главен град“. Порано се викал Акмола, Акмолинкск, Целиноград и Аквмола. Главен град на Казахстан е од 1997 година. До ова време градот во срцето на Казахстан не бил од големо значење, а тогаш претседателот Нурсултан Назарбајев го прогласил за нова престолнина наместо градот Алмати.astana-foto-youtube-1415719819-589064

 

Астана е првиот главен град на некоја држава а сега е изграден релиси целосно во 21 век и совршено говори за тоа во кој правец светот се движи. Сепак, за добрите познавачи на илуминатската и масонската симболика, ова е култен град во кој се јасно, да не може да биде појасно, споени две тенденци – славење на „Новиот светски поредок“ и најдревните од сите до сега познати религии, оние посветени на обожавање на Сонцето како врховен бог.

 

Градот е вистинско олицетворение на визијата на претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбајев, кој не сакал да потроши милијарда долари заработени на нафта за градење на нова, величенствена престолнина на својата земја. Така Астана е подигната во оддалечените степски предели и посетителите ги остава без здив со својот футуристички изглед.astana-foto-youtube-1415719776-589062

Астана и понатаму е огромно градилиште, но монументалните изданија кои досега се подигнати и оние чии нацрти и макети се претставени на јавноста биле доволни да и го донесат називот „илуминатски култен центар“. Самиот збор „астана“ на персиски јазик значи „кралски или свети праг“ на кој луѓето стојат во знак на стравопочит.

 

Одбележана хиерархија

Со градот доминира „Палатата на мирот и помирувањето“ позната и како „Пирамидата на мирот“, изградена врз основната замисла на еден од најпознатите британски архитекти Лордот Норман Фостер. Висока е 62 метри (и основа од 15 метри), и завршена е во 2006 година, а чинела некаде окулу 60 милиони долари. Иако според изјавата на својот творец требало да доведе до „спојување на сите светски религии“ и дека поради тоа не соодржи никакви видливи религиски симболи, вистината напротив е  спротивна- тоа е клутен храм посветен на сонцето.astana-foto-youtube-1415719776-589063

Внатрешноста на пирамидата е направена по сите масонски клутни правила и го прикажува патот на човечките суштества на патот на просветлувањето, почнувајќи од неговите иницијали, па се до „стекнување на светлоста“. Во подземниот дел се наоѓа оперски дворец кој може да прими 1500 посетители, мрачен и налик на пештера, со кој доминира огромна слика на Сонцето која речиси го зафаќа целиот таван. Во централниот дел на „Пирамидата на мирот“ е конференциската сала со тркалезна маса исто така во облик на Сонце, кое е поставенот точно над Сонцето на таванот на оперскиот дворец.

Симбиликата и овде е јасна – ако тоа место е за состаноци на верските лидери од целиот свет кои на таа маса би требало да седат и разговараат во обид да ги помират меѓусебните разлики, создавајќи единствена религија, што е една од целите на „Новиот светски поредок“, тогаш е очигледно кое е врховното божество во таа религија. Третото ниво е врвот, стаклен и полн со светлина. Тука се наоѓаат слики на бели гулаби, кои симболизираат мир кој ќе завладее со доаѓањето на новиот поредок. Тука истовремено е и постигнувањето на просветлување на индивидуално и на светско ниво.astana-foto-youtube-1415719776-589060

Поделбата на внатрешноста на „Пирамидата на мирот“ на овие три дела претставува олицетворение на Питагоровата визија на светот и неговата поделба на Врховен, Висок и Низок свет. На дното е неразбудената маса која ужива во забава, во средниот дел оние кои одлучуваат за судбината на светот (или барем мислат да одлучуваат), а на врвот се оние кои достигнале прсветлување и кои се вистинските господари на светот.

Чиста симболика

Кулата Бајтерк, висока 105 метри, исто така е дело на архитектот Лорд Норман Форест, и второ издание во Астана кое напросто е полно со симболика. Според основната замисла, оваа кула претставува приказ на древната персиска бајка за дрвото топола меѓу чии гранки магичната птица на среќата Самрук снела златно јајце. Сепак, и овде е присутна култната симболика – дрвото всушност е „дрво на животот“ познато во сите езотерични учења, а златната кугла на неговиот врв е врховното божество Сонцето. Дрвото претставува пат по кој духот го напушта материјалниот свет и влегува во божествениот свет.

Во внатрешноста на златната кугла од која се пружа преубав поглед на цела Астана, сместени се неколку предмети на кои невозможно е да им се утврди намената, а меѓу нив е најчуден златниот триаголник со отпечатокбна дланката на претседателот Назарбајев кој влиаје како таму да се создал од некој научно-фантастичен филм. Тука е и глобусот со потписи на претставници на 17 верски правци, што нас повторно не враќа на темата спојување на сите религии во една.astana-foto-youtube-1415719776-589061

Двата златни столбови кои доминираат со градот претставуваат недвосмислено потсетување на двата столба кои ја краселе Источната капија на Соломоновиот храм во Ерусалим, кој е најголема светост на „масоните“. Столбот од десната страна е познат под името Јахин, а левиот како Боаз. Еден од вековните цели на масонеријата е создавање на Нов Ерусалим  и повторна изградба на Соломоновиот храм во неговата некогашна величенственост, па приказите на столбовите на Јахин и Боаз се едн од најраширените масонски симболи.

Претседателската палата „Ак Орда“ со површина од 36.720 м2, е обложена со италијански мермер, сместена во средниот дел од градот, на левиот брег на реката Ишим и на оддалеченост од 300 метри од кулата Бајтерк. На врвот на палатата е голема купола која го претставува женскиот принцип наспроти кулата Бајтерк која со својот облик претставува машки принцип.

Ова менување на куполата и кулата или обелисци како ознаката за машкиот и женски принцип е присутно во сите големи градови кои се сметаат за центри на моќ и кои се градени во согласност со принципите на Светата геометрија и култна симболика како што се Париз, Лондон и Вашингтон.

Невозможно е да се споменат сите згради и градби кои се обележје на овој единствен град, кога се знае дека градбата е во пол ек и често никнуваат нови, меѓу кои посебно по својот необичен изглед се истакнуваат огромната концертна сала, Исламскиот центар со џамија (која има 4 минариња со висина од 60 метри и може да прими 5000 верници), „медересот“ и библиотеката, а тука е и новиот спортски луксузен стадион со движечки кров, кој гледано од воздух неодоливо потсетува на можеби најпознатиот масонски симбол т.н „сегледачко око“.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1