Водителот Ненад Скундриќ, кој заедно со Зорана Павиќ ја води ТВ емисијата „Ko vam dade termin“ за време на снимањето се онесвестил и завршил на под.
Водителот се пожалил дека не се чувствува добро за време на снимањето на емисијата, а неговата колешка Зорана инсистирала да се прекине снимањето и тој да излезе на свеж воздух.
Веднаш потоа, водителот се онесвестил. Набрзо потоа се повратил и продолжил со снимањето на емисијата.
По завршување на работата Ненад примил инфузија, а му било препорачано строго мирување