Пронајдена голема количина жива на дно на пирамида – мистерија е зошто е таму


Живата најдена под мексиканските пирамиди може да го открие гробот на кралот на Ацтеките Истражувачите велат дека откриле големи количини на жива под урнатините на градот Теотивакан.

Археолозите откриле течна жива на крајот на тунелот под мекисканска пироамида, што е откритие кое укжува на постоење на кралска гробница или ритуални простории далеку под еден од најдревните градови во Централна Америка.

piramida

Гомез поминал шест години во копање на тунел кој по 1800 години бил отворен во 2003 година.

Заедно со останатите истражувачи пронашол три подземни простории и тунел речиси 18 метри под земја. На влезот на комората, пронашле и чудни артефакти: статуа на жад, остатоци од јагуар и една кутија полна со гумени топки и школки.

Борејќи се со голема влажност, малку по малку, тие открија жива, исклучително токсична супстанција за луѓето. Иако сè уште не знаат за што им служела на староседелците на Мексико, живата е пронајдена и во другите остатоци од античките градови на Маите и Олмеците.

Археолозите работат со полна пареа за откривање на тајните на Ацтечката империја.

Според Гомез, жива најверојатно ја симболизирала подземната река или езеро поради рефлексијата што има како материја, слично на митолошката река Стикс.

Археолозите веруваат дека сцинтилација ги фасцинирала овие древни народи, и дека ја сметале живата за магична, а најверојатно била користена во ритуални или симболични цели.

Откривањето на гробницата на кралот на Ацтеките може да ја реши мистеријата за тоа како е воден Теативакан и како била избришана целата цивилизација

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1