Убиен хрватски официр поврзан со подземјето – го опколиле со мотоцикли, го извлекле од автомобил и го убиле


Повеќе непознати лица утрово во Загреб го убиле 57-годишниот пензиониран официр на ХВО Винко Жуљевиќ, потврди заменик државниот обвинител Јурица Илиќ.

Илиќ рекол дека Жуљевиќ е убиен во 7.55 часот во населбата Сесвете.zuljevic-ubistvo

Напаѓачите го опколиле Жуљевиќ со мотоцикли, и го присилиле да го напушти возилото, по што го убиле, пишуваат хрватските медиуми.

Полицијата интензивно трага по извршителите, а увидот се уште трае.

Постојат сомнежи дека убиството е поврзано со пресметка на загрепското криминално подземје, бидејќи Жуљевиќ последниве години често беше поврзуван со мафијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1