Во холандскиот музеј „Дрентс“ моментално е изложен, помеѓу останатите, експонатот и статуата на Буда, но тоа е сосема несекојдневна статуа.
Научници од Холандија скенирале статуа на Буда и во неа пронашле мумифицирани остатоци од монах, пренесува „Дејли меил“.
Ерик Бруин, стручњак за будизам, водел истражување со кое е утврдено дека мумијата му припаѓа на будистичкиот мајстор Лиу Чуан кој живеел во 11 или 12 век. Скенирањето и ендоскопијата биле извршени во медицинскиот центар Менадер во Холандија, под надзор на стручњаци од музејот Дрентс.
Меѓутоа не е објавено врз основа на што е откриен идентитетот на монахот. Научниците пред скенирањето сметале дека во статуата се наоѓа мумија, но сега откриле дека неговите органи биле отстранети од телото.
Свитоци од хартија со текст на кинески јазик се пронајдени во шуплините каде што некогаш се наоѓале органите. Научниците сметаат дека се работи за посебен вид на жртва – самомумификација.
Оваа статуа првпат ја напуштила Кина за да биде изложена и испитана во Холандија, а потоа ќе биде изложена во Будимпешта до мај.
За време на самомумификацијата, монахот првите 1.000 дена се подложувал на посебна диета која се состои само од семиња и јаткасти плодови и имал зајакната физичка активност за да се ослободи од маснотиите од телото.
Следните 1.000 дена јадел само кора од дрво и корења и пиел отровен чај од дрво Уруши кој предизвикува повраќање и дехидратација и ги убива сите организми кои може да предизвикаат распажање на телото под смртта. На крај, поминале шест години мачни подготовки, монахот би се заклучил во камена гробница и целосно би мирувал во поза на лотос.
Неговата единствена врска со надворешниот свет тогаш му била цевка за воздуг и ѕвоно, со кое секој ден би заѕвонувал за луѓето да знаат дека се уште е жив. Кога монахот ќе престане да ѕвони, цевката се вади и телото се остава во запечатената гробница во следните 1.000 години. Кога ќе поминат тие 1.000 години, гробницата се отвора за да се види далисамомумификацијата успеала. Доколку телото е сочувано се преместува во храм и се обожува.