Хрватскиот премиер ја спасил Северина од должничко ропство


Хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ  треба да му биде благодарна на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ кој ја спасил од должничко ропство. Поп-ѕвездата веќе извесно време стравувала, како и голем број луѓе, поради тоа што подигнала станбен кредит во швајцарски франци.

Севе во 2003 година земала позајмица од банка во износ од 372.600 франци за да купи стан во Сплит, објавил хрватскиот портал „Индекс“. Таа подигнала толку голема сума и купила недвижност на јадранското приморје,  која има 162 квадратни метри и има три спални соби, дневен престој, кујна, две бањи и тераса.

severina

Додека  Северина  размислувала дали на крај ќе може да поднесе уште една голема рата, хрватскиот премиер Милановиќ предложил измена на законот за потрошувачко кредитирање, со кој курсот на швајцарскиот франк се фиксира на година дена, а прифатен е и амандман според кој тоа се однесува на сите потрошувачки кредити во швајцарски франци. Северина останала недостапна за коментар, но од нејзиниот тим оваа тема не сакале да коментираат, укажувајќи на тоа дека станува збор за приватна работа.

Како во случајот на Северина, и српската пејачка Гога Секулиќ и нејзината колешка Гоца Тржан, кои зборед кредитите во франци може да останат без своите станови, веројатно посакуваат и српските власти да го земат примерот на своите хрватски колеги и да ги спасат од  големиот проблем.

Од друга страна пак зачудува фактот што Северина која е позната по тоа што за своите настапи и ангажмани напаќа големи суми од по десетици  илјади  евра се нашла во ваква финансиска криза.

Покрај тоа во јавноста секогаш се појавува во луксузна гардероба од познати светски марки, а  истотака постојано патува на луксузни  егзотични дестинации , а тие патувања чинат и по неколку илјади евра. Таа неодамна заедно со своите колеги Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ престојуваше во Дубаи каде што имаше настап пред богати бизнисмени, а за тамошниот луксуз и богатство таа го покажа на нејзините бројни фотосесии и фотографии кои секојдневно ги објавуваше на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1