Шокантно: Во статуа на Буда нашле мумија стара 1.000 години (Фото)


Во холандскиот музеј „Дрентс“ моментално е изложен, помеѓу останатите, експонатот и статуата на Буда, но тоа е сосема несекојдневна статуа.

buda

Имено, во статуата има човечка мумија, откриена со помош на скенирање, пренесуваат светските медиуми.Всушност, ова е првпат Буда да се прикажува надвор од Кина, а во таа статуа се наоѓаат остатоци од свештеник кој живеел во периодот околу 1100 година.

Научници од Холандија скенирале статуа на Буда и во неа пронашле мумифицирани остатоци од монах, пренесува „Дејли меил“.

Ерик Бруин, стручњак за будизам, водел истражување со кое е утврдено дека мумијата му припаѓа на будистичкиот мајстор Лиу Чуан кој живеел во 11 или 12 век.  Скенирањето и ендоскопијата биле извршени во медицинскиот центар Менадер во Холандија, под надзор на стручњаци од музејот Дрентс.

Меѓутоа не е објавено врз основа на што е откриен идентитетот на монахот. Научниците пред скенирањето сметале дека во статуата се наоѓа мумија, но сега откриле дека неговите органи биле отстранети од телото.577269_buddhastatueundergoingctscan_ff

Свитоци од хартија со текст на кинески јазик се пронајдени во шуплините каде што некогаш се наоѓале органите. Научниците сметаат дека се работи за посебен вид на жртва – самомумификација.

Оваа статуа првпат ја напуштила Кина за да биде изложена и испитана во Холандија, а потоа ќе биде изложена во Будимпешта до мај.

За време на самомумификацијата, монахот првите 1.000 дена се подложувал на посебна диета која се состои само од семиња и  јаткасти плодови и имал зајакната физичка активност за да се ослободи од маснотиите од телото.

Следните 1.000 дена јадел само кора од дрво и корења и пиел отровен чај од дрво Уруши кој предизвикува повраќање и дехидратација и ги убива сите организми кои може да предизвикаат распажање на телото под смртта. На крај, поминале шест години мачни подготовки, монахот би се заклучил во камена гробница и целосно би мирувал во поза на лотос.

Неговата единствена врска со надворешниот свет тогаш му била цевка за воздуг и ѕвоно, со кое секој ден би заѕвонувал за луѓето да знаат дека се уште е жив. Кога монахот ќе престане да ѕвони, цевката се вади и телото се остава во запечатената гробница во следните 1.000 години. Кога ќе поминат тие 1.000 години, гробницата се отвора за да се види далисамомумификацијата успеала. Доколку телото е сочувано се преместува во храм и се обожува.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1