Шокантно: Жена вреска додека и го истеруваат ѓаволот од неа (Видео)


Во Римокатоличката црква во Вранов, на југот на Чешка, свештеник извел ритуал- егзорцизам, или попознато како истерување на ѓаволот.

Дел од ритуалот бил снимен низ отворот на бравата на влезната врата на црквата.

На снимката може да се видат неколку луѓе меѓу кои и жената која е опседната, а која испушта страшни извици и пцовки.

brava

Данијел Трохта е авторот на клипот, кој на локланите медиуми им кажал дека се скрил зад вратата на црквата за да може тајно да го сними ритуалот. Видеото кое трае околу 2 минути веднаш го поставил на интернет.

Католичкиот свештеник Марек Дунда ја потврдил автентичноста на видеото, но одбил да објасни што се случувало.

-Ако нешто е снимено низ бравата, за тоа нема што понатаму да се коментира. Ние баравме од Бог да ја заштити и ослободи таа жена. Кажувавме молитва на латински за да бараме помош. Тоа секако дека помага, објаснил свештеникот.

Тој одбил да го даде идентитетот на жената и нејзината моментална состојба. Граѓаните не се задоволни што се извршувал таков ритуал, поради тоа што вресоците биле застрашувачки, но првиот човек на градот немал ништо против.

-Се распрашав во врска со ритуалот. Свештеникот не направил ништо што е нелегално, додал градоначалникот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1