Шпанија се распадна – Европа се ситни: КАТАЛОНИЈА ПРОГЛАСИ НЕЗАВИСНОСТ


Каталонскиот парламент прогласи независност на регионот од Шпанија. Пред зградата на Парламентот голем број приврзаници на независноста слават поради одлуката на народните избраници.Каталонскиот парламент денеска се изјасни во прилог на независност на провинција, а само неколку минути подоцна горниот дом на шпанскиот парламент изгласа укинување на автономијата на Каталонија Претходно, со 70 гласови „За“, 10 „против“ и две непополнети ливчиња, каталонскиот парламент најави формирање на независна држава.
„Формираме Каталонска република како независна и суверена држава на демократско и социјално право“, се наведува во резолуцијата на парламентот која беше поднесена од владејачката коалиција Обединети за Да и нејзиниот левичарски партнер. Откако беше усвоена резолуцијата, во парламентот одекна аплауз и беше испеана каталонската химна. Три партии: социјалистите, Народната партија на Рахој и центристите го бојкотираа гласањето.

16.30 – Гласање во шпанскиот Сенат, по денешната расправа за активирање на членот 155 од Уставот на земјата, што предвидува одземање на сите овластувања на каталонските власти.

15.25 – Каталонскиот парламент прогласи независност

14.55 – Се очекува гласање во парламентот на Каталонија. Сеценионистичките партии бараат глaсањето да биде тајно. Седницата ја напуштија пратениците на Социјалистичката партија, Граѓанската партија и Сиудаданоса.

14.20 – Во тек е расправа во каталонскиот парламент. Портпарол на каталонската опозиција го искина предлогот на сепаратистите.

13.25 Тензично во шпанскиот парламент – Расправа за постоење баскиска нација со аплаузи и повици.

11.35 – Каталонските партии кои се залагаат за независност поднесоа барање во регионалниот парламент да се прогласи Република Каталонија

10.40 – Ако се усвојат мерките прв потег на шпанската Влада ќе биде смена на Пуџдемон, нагласи Рахој во Сенатот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1