Шпанска мисица призна дека сака девојки


Минатогодишната мисица на Шпанија и прва придружничка на Мис универзум, Патрисија Јурена (24) , освен со својата убавина вниманието го привлече и со уште еден детаљ од приватниот живот. Поранешната шпанска мисица на својот профил на Инстаграм објавила дека сака девојки.

bndsТаа е прва мисица на светот која јавно признала вакво нешто пишува „Ју-ес викли“. Јурена на Инстаграм објави фотографија на која се бакнува со својата девојка Ванеса Кортес. Под фотографијата напишала „Ромео и Јулија“.

– Не жалам за тоа што бев искрена  и го кажав тоа што го чувствувам. Воодушевена сум поради сето она што ми се случува – изјавила Патрисија за шпанските медиуми .Miss Universe 2013
На социјалната мрежа  добила многу лајкови за фотографијата и поддршка од бројните обожаватели кои ја ценат нејзината искреност.

– Ви благодарам на поддршката. Прекрасни сте. тоа е нешто што морав да го направам и драго ми е што сфаќате дека сум среќна и дека уживате во тоа со мене – напишала  Јурена.

Патрисија беше Мис на Шпанија  во 2013 година, а својата татковина за Мис Универзум ја претставуваше лани на изборот во Москва.Таа и беше прва придружничка на убавицата на Венецуела, Марија Габриела Ислер (26).

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1