Талат ја опцул жената на Ибрахими – затоа се “пресметаа”


Двајца пратеници се здобија со лесни телесни повреди, по тепачката која изби меѓу пратениците на ДУИ и на ДПА, на комисиската расправата за ребалансот на буџетот. Во тепачката, во која учествуваа околу десетина пратеници од двете сопернички албански партии, повредени се пратеникот на ДУИ Реџаил Исмаили и на ДПА Беким Фазлиу.

tepa-300x274-Исмаили настрада од боксовите на пратеникот Орхан Ибрахими, а Фазлиу се повреди во пресметка со пратеникот Муса Ибрахими, кој се вмеша во тепачката за да им дојде на помош на пратеници интегративци. Фазлиу во еден момент се најде на подот, а Муса Ибрахими продолжи да го мава со клоци. Тепачката изби во моментот кога пратеникот Орхан Ибрахими му реплицираше на Талат Џафери служејќи се со многу остра реторика, нарекувајќи го удбаш и соработник на тајната полиција на бившата ЈНА, а ДУИ ја обвини за вазалство, пишува Вест. Додека Ибрахими редеше критики и тешки обвинувања од говорница, Џафери постојано му дофрлуваше од место.

Во еден момент, Ибрахими прекина со репликата , фрли со пенкало во правец на Џафери и истрча физички да се пресметува. Џафери го избегна нападот и тука, во налетот на Ибрахими настрада пратеникот Реџаил Исмаили, кој седеше до Џафери. -Од пратеничката група на ДПА објаснуваат дека Ибрахими реагирал така агресивно поради тоа што Талат од место му ја опцул жената. Дел од пратениците на ДУИ и на ДПА не се впуштија во директна пресметка и, со помош и на собраниското обезбедување, успеаја да ги раздвојат скараните колеги, пишува весникот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1