Шпанскиот крал Хуан Карлос спиел со 1.500 жени, меѓу кои и со леди Дијана?


Шпанскиот крал Хуан Карлос беше 39 години на тронот, а го наследи синот – принцот Филипе. Ова кралско семејство е едно од најстарите во Европа, а меѓу другото, е интересно и по љубовните скандали.

Кралот Хуан Карлос во 1962 година се оженил со грчката принцеза Софија, со која, освен синот Филипе, има и две ќерки. Иако однадвор изледало дека кралот и кралицата имаат идеален брак, тоа не било ни блиску до вистината.juan-carlos-lady-146886
Пилар Ејр напишала дури шест книги за шпанското кралско семејство и таа, повикувајќи се на проверени извори, тврди дека кралот Хуан Карлос и кралицата Софија веќе 35 години не ја делат постелата.

– Женкарот Хуан ја изневерувал својата сопруга од првиот ден на бракот. Само неколку месеци откако станал крал, Софија го затекнала „ин флагранте“ со една шпанска актерка. Ја лажел Софија дека оди во лов, дека оди во машко друштво и дека нејзе сигурно би и било здодевно. Од тогаш се само формално во брак и двајцата водат свои животи – наведува авторката.dijana spanski

Пилар Ејр пишува и за наводната афера на Хуан Карлос и британската принцеза леди Дијана. Хуан починатата принцеза Дијана, наводно, ја завел додека таа со сопругот принцот Чарлс и синовите Хари и Вилијам, била на одмор во кралската палата на Палма де Мајорка во 1986 година. Дијана тогаш имала само 25 години, а нејзиниот брак со Чарлс веќе бил во криза. Починатата принцеза никогаш не ја признала аферата.

Таа рекла само дека кралот Хуан Карлос е многу шармантен и можеби малку повеќе внимателен кон неа. Во своја одбрана рекла дека на тој одмор се борела со булимијата, па повеќето време го поминала со главата над тоалетната школка и дека немала време за флертување и афера со Карлос.

– Кралот е професионален заводник. Тој спиел со повеќе од 1.500 жени. Едната од нив била и британската принцеза Дијана – заклучила авторката Пилар Ејр.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1