ВИДЕО: Наставничка снимена како го нарачува убиството на ученик со кого била во врска!


Наставничката по музичко образование, Јулија Симонова (52), која од 15-годишниот ученик била оставена поради врсничка од училиштето, одлучила да му се одмазди и нарачала негово убиство.

Таа од пријателот барала да најде лице кое за сума од 100.000 рубљи, односно 2.000 долари, ќе го мачи и убие Дајман Вања.

На денот кога бил договорен состанокот во градот Шатура, во близина на Москва, наместо платен убиец се појавил полицаец на тајна задача. Симонова, која на Вања му купувала подароци и му давала пари пред да ја прекинат врската, рекла дека сака момчето полека да искрвави пред таа да го “докрајчи”.599989_rus-03_f

– Истепај го убаво, бидејќи сакам да трпи неподнослива болка – му рекла Симонова на полицаецот, мислејќи дека станува збор за платен убиец.

– Сакам да му ги скршиш рацете и нозето, но немој да му го допираш лицето. Шутирај го по бубрезите додека не ги уништиш, сакам да искрвави. Сакам да го видам во ужасна состојба, а потоа ќе му кажам само неколку зборови. Потоа заедно ќе го докрајчиме”.

Откако на „убиецот“ му ја предала одредената сума на пари, ја уапсиле вооружени полицајци во нејзиниот автомобил.

Ја претресле и ја одвеле во полициска станица, каде била задржана во притвор под обвинение за обид за убиство.

– Се надевам дека ќе ја затворат и ќе го фрлат клучот – рекол младиот Вања.

Тајната агентка која се претставила како платен убиец ја снимила Симонова како го нарачува убиството на својот љубовник – тинејџер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1