Германскиот неделник Шпигел по грешка објави некролог на поранешниот американски претседател Џорџ Х.В. Буш неколку часа откако портпарол на семејството рече дека тој се опоравува од болест.
Буш (88) беше сместен во болница во Хјустон на 23 декември откако доби зголемена температура. Во саботата портпаролот рече дека Буш постариот е пуштен од интензивна нега и дека состојбата му се подобрила.
Но, на интернет страницата на Шпигел се појави денеска недовршен некролог за Буш и по неколку минути предизвика смеа кај корисниците по што беше избришан.
Во некрологот дописникот на магазинот го опишува Буш како „безбоен политичар чиј имиџ е подобар единствено во споредба со мандатот на неговиот син Џорџ В. Буш“.
– Сите редакции подготвуваат некролози за одбрани личности. факт е дека тоа што е објавен некролог за Буш е техничка грешка. Се извинуваме, соопшти германскиот магазин на својот Твитер.
Миа