„Шпионите“ имале папка и за новинари од Македонија


Цели архиви со податоци за новинари се пронајдени кај осомничените во аферата „Шпион“, информира „Сител“.

Од извори во истрагата, „Сител’ дознава дека новинарите од речиси сите медиуми биле интересни за групата која главно продавала државни тајни на странски служби но им се заканувала и на видни личности во земајав со доверливи информации до кои тие дошле.

spion3-630x419Новинарите биле класифицирани во две групи- блиски до опозицијата и блиски до власта а потоа поделени според медиумот во кој работат.

Извори на Сител велат дека до информациите по се изгледа не е дојдено со следење туку тие се внимателно прибирани и аналитички обработувани информации, јавни афери и озборувања за одредени новинари.

Според содржината, не наликувале на досиеа за уцена, слични на оние креирани за познатите бизнисмени, туку на збирки информации кои би им овозможиле подобро познавање на медиумите и полесен пристап до нив во случај на потреба.

Таканаречените шпиони сакале да знаат кој со кого соработува или приватно контактира, во каква меѓиусебна релација се некои новинари, кој има поголемо а кој помало влијание во медиумот во кој работи.

Овие архиви се влезени во процесот на истрага но засега не се основ за дополнување на кривичната одговорност на осомничените.

Во меѓувреме полицијата на барање на судот распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени за кои беше одредена мерка притвор во отсуство.

Mеѓу нив е и новинарот Зоран Божиновски кој преку социјални мрежи порача дека нема сам да се предаде туку ќе чека да биде уапсен и екстрадиран од земјата во која престојува.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1