И по седумнаесет години, сагата за пропаднатата штедилница ТАТ продолжува. Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не ја прифати жалбата на штедачите од трите пропаднати штедилници, ТАТ, “АЛФА С“ и “Лавци“, кои што се жалеа дека не можат да ја истераат својата правда поради немање пристап до македонските судови. На денешниот прес, татовци рекоа дека највисокиот суд во Европа, нивната жалба не ја зел на разгледување бидејќи неосновано утврдиле дека апликацијата не е правилно пополнета и дека не се доставени копии од сите релевантни документи.
Штедачите на ТАТ извисија и во Стразбур
Објавено: 27/12/2014 09:15– Ние наводно не сме ја комплетирале жалбата, а тоа не е точно. Сега, поднесуваме жалба до истиот тој суд. Значи, еднаш жалба против неправдите во македонскиот суд, а сега жалба до истиот тој суд за човекови права. Тоа е куќата на правдата на Европа, а ние мораме да се жалиме таму за онаа неправда што тие ни ја прават- рече на денешниотр прес Пеце Гугучевски, претседател на Здружението на штедачите на ТАТ, “АЛФА С“ и “Лавци“.
Со поднесокот до Судот во Стразбур од нивните адвокати, Здружението на штедачите се надеваат дека формалните пречи ќе бидат надминати и дека ќе се допушти судење, со оглед дека ТАТ беше најголем грабеж во историјата на Република Македонија со голем број семејни трагедии и самоубиства. Инаку, во колективната тужба пред македонските судови, се бараше надомест на штета заради предвремено укинување на конвертибилните сертификати на крајот од 2003 година, што претходно со Закон ги имаа добиено за обештетување како хартии од вредност кои се котираа на берзата. Македонските судови не се впуштија во одлучување и тужбите ги одбиваа поради немање активна легитимација од страна на тужителите.